Шефот на Ред бул, Лоран Мекис, засега не размислува за тоа дали возачот Јуки Цунода ќе остане во тимот и наредната сезона или ќе дојде до промена кај возачкиот кадар. Цунода го замени Лијам Лосон по само неколку трки оваа сезона, но не се снајде баш најдобро во болидот на Ред бул.

  • Не мислиме дека може да исчезне брзината. Јуки беше многу добар на крајот од минатата година и многу добар во првиот дел од сезоната (со Рејсинг булс). Тој имаше тежок период во првиот дел од сезоната со Ред бул, но ние одиме трка по трка. Во Спа се подобри, Будимпешта беше нашиот најлош викенд и беше многу блиску до Макс (Верстапен) во однос на брзината. Беше десеттинка и пол побавен од Макс во квалификациите. Не брзаме околу неговиот евентуален договор. Се обидуваме да го направиме најдоброто што можеме за да ги поддржиме нашите возачи, секако, гледаме посвеж пристап од Јуки и се обидуваме да го поддржиме неговиот напредок – изјави Мекис.

ИЗДВОЕНИ