Француската Влада планира да испрати писмо до сите граѓани на возраст од 29 години, како дел од зголемувањето на стапката на наталитет, соопшти Министерството за здравство на земјата.
Оваа мерка е единствена од 16. инцијативи предвидени со планот за превенција на неплодоста, чија цел е подобрување на наталитетот и намалување на перинаталниот морталитет, пренесе „Ле Фигаро“.
Писмото ќе содржи информации за контрацепцијата, сексуалното здравје, технологиите за потпомогната репродукција и криопрезервација на јаце-клетките и сперматозоидите и ќе биде упатено и до мажите и до жените.
Ресорното министерство планира и ширење на достапноста на криопрезервацијата, со цел зголемување на бројот на центри од 40 на 70 до 2028 година, земајќи ги предвид приватните компании што би ја нуделе оваа услуга без загрозување на принципите на бесплатна донација.
Во рамките на планот ќе биде развиен и регистар на родени, кој од 2027 година ќе ги следи перинаталниот и мајчинскиот морталитет, а првите резултати од колективната анализа на клиничките случаи се очекуваат во јуни.
Првиот управен одбор за спроведување на планот ќе оствари средба овој четврток, а ќе претседаваат експерти од областа на репродуктивното здравје.
Министерството за здравство на Франција истакна дека планот вклучува и истражувања и иновации во дијагностиката и лекувањето на неплодноста, како и проучување на ендометриозата, ПЦПС и влијанието на загадувачите врз неплодноста.












