Во рамки на турнејата „Да се доживе стотата“: Концерт на „Бијело дугме“ со оригиналната постава во Скопје/ФОТОГАЛЕРИЈА

1640

Вчеравечер Скопје беше дел од 50-те градови во кои „Бијело Дугме“ прослави 50 години постоење, со турнеја која ја почна лани во Сараево. Со југословенски знамиња меѓу фановите беа пречекани и испратени по еуфоричниот концерт.

Славеничката турнеја стартуваше во мај 2024 во Домот на млади во Сараево, каде што „Дугме“ го имале еден од првите настапи во 1974.

На концертот во Скопје настапија Горан Бреговиќ, Ален Исламовиќ, Младен Војичиќ-Тифа, Ѓиѓи Јанкелиќ, Огњен Радивојевиќ и Зоран Реџиќ.

Фото:П.Стојановски

 

ИЗДВОЕНИ