“Овој нов дом на културата и уметноста претставува важен чекор напред во меѓународната афирмација на македонската култура, нашите уметници и богатото културно наследство. Истовремено, станува значаен простор за поврзување и поддршка на македонската заедница во Србија.
Им посакувам успешна работа и многу инспиративни проекти” – рече Љутков.
На отворањето свое обраќање имаа директорот на нашиот КИЦ во Белград, Васко Шутаров, македонскиот амбасадор во Србија Никола Тупанчески, српскиот министер за култура Никола Селаковиќ, македонскиот министер за култура и туризам Зоран Љутков и потпретседателот на македонската влада Иван Стоиљковиќ.
Пригодната програма на отворањето беше насловена „Ајде, слушај, слушај…“ при што настапија Зарина Првасевда, и специјалниот гостин Васил Хаџиманов.
Во македонскиот КИЦ во Белград беше поставена и ретроспективна изложба на 25 ликовни уметници од Друштвото на ликовни уметници Македонци во Србија (ДЛУМС).