Во приказната со лажните сообраќајка поверувала 88 годишна битолчанка

Фатени двајца телефонски измамници

174

Полицијата уаспи прилепчанец и крушевчанец за телефонска измама со добро позната лага дека близок член на семејство направил сообраќајка и се потребни пари да се извлече од ситуацијата. Овој пат жртва на измамниците биле 88 годишна жена од Битола, а повикот се случил кон крајот на август.

-Пријавените довеле во заблуда 88-годишна жена од Битола така што телефонски и со лажно претставување ја известиле дека нејзиниот син предизвикал сообраќајна несреќа во која прегазил осумгодишно дете, а нејзиниот син и неговата сопруга биле повредени, а доколку сака да го спаси синот од кривичен прогон, требала да им даде 72.500 денари. Откако ги зеле парите, пријавените заминале, а оштетената подоцна сфатила дека е измамена, информираше полицијата.

Измамниците биле упасени, но тие се малкумина од многуте кои сеуште не се пронајдени бидејќи тактиката за извлекување на пари од повозрасни луѓе се практикува со години. Полицијата апелира до пензионерите да не веруваат во приказните од телефонските изманици кои пак ги следат и добро се информираат за жртвата и нејзиното семејство.

ИЗДВОЕНИ