вторник, февруари 10, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Во прекин сообраќајот кон ГП Блаце поради пожар

Во прекин сообраќајот кон ГП Блаце поради пожар

48

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека поради повторно разгорување на пожарот во близина на Блаце, целосно е прекинат сообраќајот на патниот правец Скопје-ГП Блаце, во двата правци, а затворен е и граничниот премин Блаце. Министерството за внатрешни работи во координација со другите надлежни институции презема мерки за гасење на пожарот.

– Апелираме до граѓаните да не тргнуваат кон ГП Блаце до гасењето на пожарот и нормализирање на сообраќајот, за што соодветно ќе ја информираме јавноста – велат од МВР.

ИЗДВОЕНИ