Во Португалија, поради екстремна топлина, речиси 300 луѓе починаа за една недела

69

Екстремната топлина во Португалија одзеде 264 животи во изминатата недела, според бројките објавени од Португалскиот генерален директорат за здравство.

Екстремната топлина предизвика смртни случаи, особено кај лицата со хронични заболувања и оние над 75 години.

Португалската влада прогласи состојба на тревога поради ризикот од шумски пожари, особено поради новиот топлотен бран што се очекува да ја погоди земјата до 7 август, објави порталот publico.pt.

ИЗДВОЕНИ