Во поплавите во Венецуела се урна рудник за злато – настрадаа 14 лица

12

Четиринаесет лица загинаа во се урна рудник во источниот венецуелски град Ел Калао по обилните дождови што го погодија регионот, соопштија локалните власти, пренесе „Бета“.

Рударите загинаа во три различни окна на рудникот Куатро Есквинас де Каратал, на околу 850 километри од главниот град Каракас, соопшти агенцијата за спасување на државата Боливар на својот Инстаграм профил.

Операциите за пребарување и спасување започнаа „со испумпување на сите окна во областа за да се намали нивото на водата, а потоа и со проценка на напорите за спасување“ на оние што сè уште се заробени во рудникот за злато, се додава во соопштението.

Точниот број на жртви не е официјално потврден, а проценката се базира на сведоштвата на други рудари, соопштија пожарникарите.

Рудниците се урнаа поради поплави предизвикани од обилните дождови.

Ел Калао е град кој во голема мера преживува од рударство на злато и е дом на околу 30.000 жители, од кои повеќето работат во рударската индустрија.

Рударските несреќи се чести во Венецуела поради небезбедните услови за работа во слабо регулираната индустрија, земја богата со бакар, дијаманти и други скапоцени метали.

ИЗДВОЕНИ