Во понеделник во Лондон: Зеленски, Стармер, Мерц и Марон ќе разговараат за Украина

0
Фото: EPA/SARAH MEYSSONNIER / POOL MAXPPP OUT

Во понеделник во Лондон за Украина ќе разговараат нејзиниот претседател Володимир Зеленски, британскиот премиер Кир Стармер, претседателот на Франција Емануел Макрон и германскиот канцелар Фридрих Мерц.

Макрон денеска на платформата „Икс“ најави дека тие „ќе ја разгледаат ситуацијата и тековните преговори во рамки на американското посредување“ за мир во Украина.

„Мораме да продолжиме да вршиме притисок на Русија за да ја примораме да склучи мир“, напиша Макрон и ги осуди нападите од минатата ноќ на украинската енергетска и железничка инфраструктура“.

Зеленски денеска на социјалните мрежи напижа дека целта на тие руски напади била милиони Украинци да страдаат“ и дека таквите напади „бараат одговор и дополнителен притисок“ на Москва, пренес парискиот весник „Монд“.

ИЗДВОЕНИ