Шест лица загинаа синоќа во источна Бугарија кога возило што превезувало мигранти паднало во езеро за време на полициска потера, изјави денес портпаролот на бугарското Министерство за внатрешни работи.
„Полицијата се обидела прво да го запре возилото во 21:30 часот, но возачот не застанал“, изјави портпаролот на полицијата, додавајќи дека првиот инцидент се случил на 50 километри од градот Бургас.
Тој додаде дека следеле уште два обида за запирање на возилото, а за време на третиот обид на влезот во Бургас, возилото излетало од патот и завршило во езерото.
Покрај шестемина загинати, повредени се уште тројца мигранти, како и возачот, романски државјанин, изјави портпаролот.
Националностите на мигрантите не се наведени.
Бургас, пристаниште на Црното Море, се наоѓа во близина на планините Странџа, област што често ја користат шверцерите на луѓе кои се упатуваат кон Европската Унија.












