Во почетокот на август се се менува за еден хороскопски знак: Му претстои тежок период, но ќе го преброди посилен од кога било

234

Поради интензивната ретроградна положба на Меркур, еден хороскопски знак поминува низ голема лична трансформација до 11 август. Тоа е Лав. Планетата на комуникација се движи ретроградно низ првата куќа на Лав, што е областа на личен идентитет, самодоверба и изразување.

Според астролозите, ова значи дека Лавовите можат да очекуваат ненадејни увиди, емоционални кризи и самоиспитувања. Прашањата во фокус ќе бидат: „Кој сум јас кога никој не гледа?“, „Дали премногу ми е гајле што мислат другите?“ и „Дали живеам живот каков што навистина сакам?“.

Астролозите велат дека секој разговор за Лавот ќе звучи како монолог, а секоја порака ќе изгледа како драматичен пресврт. Комуникацијата ќе биде напната, емоциите ќе бидат силни, а егото ќе биде тестирано.

Периодот до 11 август го менува погледот на Лавот кон светот и кон себеси, објавува „Your Tango“. Лавовите ќе го преиспитаат својот изглед, однесување и начинот на кој другите ги гледаат. Иако може да изгледа исцрпувачки, ова е шанса за голем личен раст и откритие.

Што може да очекува Лавот:

Драматични промени во идентитетот
Комуникациски кризи
Неочекувани пресврти во секојдневните разговори
Чувството дека животот станал сапуница – со него во главната улога

Значи, ако сте родени во знакот Лав, подгответе се. И ако познавате Лав, не му застанувајте на патот. Драмата штотуку започнува, но од неа се раѓа нова, помоќна личност, пишува „Најжена“.

ИЗДВОЕНИ