Во Пјонгјанг, ново сајбер кафуле нуди пристап до западни видео игри

18

Сајбер кафуле поврзано со затворената интернет-мрежа на Северна Кореја им овозможува пристап до западни видеоигри на жителите на Пјонгјанг, главниот град на Северна Кореја.

Западните акциони видеоигри како „Call of Duty“ и „Counter-Strike“ се покажаа популарни меѓу играчите во неодамна отвореното сајбер кафуле на затворена мрежа во Пјонгјанг, објави новинската агенција Кјодо.

Видеоигрите што потекнуваат од која било друга земја освен Кина не се дозволени во Северна Кореја, но многу гејмери, претежно мажи на возраст од 20-ти и 30-ти години, го посетуваат просторот за игри, кој се отвори во август во Хвасонг, нов округ во главниот град.

ИЗДВОЕНИ