Во пекарниците веќе не сечат осмина бурек, бидејќи четвртот стана осмина

Граѓаните реагираат дека откако се вратиле од одмор, забележале дека многу бурекчилници и пекарници имаат нови, повисоки цени на бурекот и на белите печива. Бурекот, кој им е омилен појадок на голем дел Македонци, последниве години неколку пати беше на удар на инфлацијата. Така, една четвртина бурек, која пред неколку години чинеше само 50 денари, сега чини речиси 100 денари. Освен на бурекот, качени се и цените на белите печива, а грамажата им е намалена. – Бурекот треба да се мери, како во Босна и Херцеговина. Таму, кога купуваш бурек, ти го мерат. Треба и кај нас да се направи тоа, бидејќи некаде имаш четвртина бурек што е многу мала, а некаде четвртина што е реална. Мора да се знае стандардот на пита бурек, бидејќи многу се заработува на ова. Ако се знае колку тежи пита бурек, ќе се знае и колку е една четвртина. Така, на пример, ако пита бурек е еден килограм, тогаш една четвртина треба да биде 250 грама. Во последно време, четвртот стана осмина и затоа луѓето не се најадуваат – изјави за весникот ВЕЧЕР Маријана Лончар-Велкова, претседател на ОПМ

2393

Не запира растот на цените на храната. Инфлацијата во делот на храната и на пијалаците и во август не се симна под 7 отсто. Граѓаните реагираат дека секој месец е сè поскапо, односно за истите производи што ги купувале претходниот месец, сега треба да издвојат од 100 до 200 денари повеќе. Освен основните прехранбени производи, поскапени се и пекарските производи. Граѓаните реагираат дека откако се вратиле од одмор, забележале дека многу бурекчилници и пекарници имаат нови, повисоки цени на бурекот и на белите печива. Бурекот, кој им е омилен појадок на голем дел Македонци, последниве години неколку пати беше на удар на инфлацијата. Така, една четвртина бурек, која пред неколку години чинеше само 50 денари, сега се качи на речиси 100 денари. Освен на бурекот, покачени се и цените на белите печива, а грамажата им е намалена.

Од Организацијата на потрошувачи на Македонија велат дека се потребни мерки за да се заузда инфлацијата, бидејќи премногу долго се тактизира. Оттаму посочуваат дека доколку се донесат мерки, тие да бидат подолгорочни за да имаат ефект.

– Точно, пекарските производи се многу поскапени. Немаме претстава колку тежи бурекот и не знаеме колку грама купуваме. Тие ти мерат една осмина, а колкава е питата и колку тежи осмина, никој не кажува. Бурекот треба да се мери, како во Босна и Херцеговина. Таму, кога купуваш бурек, ти го мерат. Треба и кај нас да се направи тоа, бидејќи некаде имаш четвртина бурек што е многу мала, а некаде  четвртина што е реална. Мора да се знае стандардот на пита бурек, бидејќи многу се заработува на ова. Ако се знае колку тежи пита бурек, ќе се знае и колку е една четвртина. Така, на пример, ако пита бурек е еден килограм, тогаш една четвртина треба да биде 250 грама. Во последно време, четвртот стана осмина и затоа луѓето не се најадуваат. Намалена е грамажата и на печивата, на кифлите, на симит-погачата, а цената е покачена – изјави за весникот ВЕЧЕР Маријана Лончар-Велкова, претседател на ОПМ.

Оттаму додаваат дека и да се донесат мерки, тие нема да имаат влијание врз малите занаетчии како што се пекарниците и бурекчилниците и дека тие и понатаму ќе продолжат да ги качуваат цените.

– Мерките немаа никакво влијание врз малите занаетчии и затоа тие ги качуваат цените без разлика дали има реална основа за тоа, односно пораст на цената на брашното, струјата… Освен што се зголемија цените на бурекот и на белите печива, и грамажата им се намали. Така, сега една пита бурек наместо на четири дела, ја сечат на три, корите се сè потенки, а тавчињата во кои се печчат питите се сè помали – вели Тања Тасевска од ОПМ.

Граѓаните велат дека во некои бурекчилници веќе не ти ни сечат осмина бурек. Четвртот стана осмина и бидејќи се мали питите, сега не може ни да ти исечат осмина, реагираат граѓаните. Во некои бурекчилници, пак, каде што претходно со четврт бурек или баничка даваа гратис јогурт, сега и него го наплаќаат.

Сепак, за разлика од онаа на бурекот и на белите печива, цената на лебот ќе остане стабилна и нема да се зголемува, барем така тврдат од пекарската индустрија.

– Цената на лебот останува стабилна и нема да се менува. Барем засега не гледам некои индиции дека ќе има промена на цената на пченицата на берзите. Засега имаме резерви на пченица и на брашно што се откупени во текот на жетвата и нема да има промена на цените на лебот. Очекуваме дека наредните три-четири месеци цените на лебот ќе останат исти – изјави за весникот ВЕЧЕР Горан Малишиќ, претседател на Групацијата на мелничко-пекарската индустрија.

Додека ние сè уште чекаме мерки од Владата, кои ќе го заштитат стандардот на граѓаните, во соседна Србија веќе почна да се применува мерката ограничени трговски маржи. Така, од 1 септември, цените на млекото, млечните производи, јајцата, безалкохолните пијалаци, кафето, чајот, свежите и преработени овошје и зеленчук, мешунките, лебот и печивата не смеат да бидат повисоки од 20 проценти.

(А. С.)

 

 

ИЗДВОЕНИ