Најмалку осум лица настрадаа пткако балон на топол воздух се урна во јужната бразилска држава Санта Катарина, соопшти денеска гувернерот на државата Жоржињо Мело.
Мело во објава на платформата „Икс“ напиша дека првичните информации покажуваат дека во балонот имало 22 лица, пренесува „Ројтерс“.
Тој наведе дека досега се потврдени осум смртни случаи, а дека двајца од патниците во балонот се спасени, пренсе „Танјуг“.