Социјалистот Зохран Мамдани победи на изборите за градоначалник на Њујорк во вторник, ноќ на локалните избори во кои американскиот претседател Доналд Трамп претрпе неколку неуспеси, испраќајќи му порака една година пред конгресните избори. Новиот градоначалник, 34-годишен жесток противник на американскиот претседател, лесно го победи својот главен ривал, поранешниот гувернер на државата Њујорк, Ендру Куомо, исто така демократ, но центрист, според неколку медиумски извештаи.
Зохран Мамдани ќе стане првиот муслимански градоначалник на најголемиот град во Соединетите Држави на 1 јануари.
Неговата победа беше пречекана со овации, па дури и солзи од поддржувачите собрани во големата сала во рококо стил од 1920-тите во центарот на Бруклин.
„Во ова време на политички мрак, Њујорк ќе биде светлината“, им рече младиот градоначалник, додавајќи дека градот може „да ѝ покаже на нацијата предадена од Доналд Трамп како да го победи“.
Поранешниот демократски претседател Бил Клинтон, во чија администрација Куомо беше секретар за домување, му посака на победникот успех во „претворањето на моментумот на кампањата“ во „подобар, пофер и подостапен Њујорк“.
„Иднината изгледа малку посветла“, коментираше Барак Обама, осврнувајќи се на победите на демократите на повеќе избори таа вечер.












