понеделник, март 2, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Во Ормутскиот теснец сè стои: Закотвени се стотици танкери, транспортот на 20%...

Во Ормутскиот теснец сè стои: Закотвени се стотици танкери, транспортот на 20% од светската нафта е во опасност

88
Фото: pexels

Најмалку 150 танкери, вклучувајќи ги и оние што превезуваат сурова нафта и течен природен гас (LNG), се закотвени во отворените води на Персискиот Залив над Ормутскиот теснец, додека десетици други се стационирани од другата страна на тесниот морски премин, покажаа податоците за превозот во неделата, откако нападите на САД и Израел врз Иран го втурнаа целиот регион во немири и неизвесност.

Танкерите се групирани во отворени води покрај бреговите на главните земји-производители на нафта во Заливот, вклучувајќи ги Ирак и Саудиска Арабија, како и гигантот за течен природен гас Катар, процени Ројтерс, врз основа на податоците за следење на бродовите од платформата MarineTraffic.

Голем број бродови се закотвени во рамките на економските зони (ЕЕЗ) на клучните земји од Заливот, вклучувајќи ги Кувајт и Обединетите Арапски Емирати, покажаа податоците на MarineTraffic, додека десетици товарни бродови се групирани одделно и закотвени во различни ЕЕЗ.

Околу 20 проценти од глобалната нафта, вклучително и од Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Ирак, Кувајт и Иран, поминува низ Ормуз, заедно со големи количини на течен природен гас (LNG) од Катар. Покрај тоа, најмалку сто други танкери моментално се закотвени надвор од теснецот покрај бреговите и во сидриштата во Обединетите Арапски Емирати и Оман, заедно со десетици товарни бродови, според податоците на MarineTraffic.

По израелско-американскиот напад, неколку сопственици на танкери, нафтени компании и трговци ги прекинаа испораките на сурова нафта, гориво и LNG преку Ормузскиот теснец, додека Техеран објави дека го затвора за превоз, соопштија трговски извори во саботата.

Иран им забрани на сите бродови да влезат на рутата, додека британската морнарица повика на претпазливост. Германија го прекина превозот, додека Данска вели дека се координира со сите партнери по безбедносните прашања.

Веста дека испораките на нафта и гас преку Ормутскиот теснец се прекинати се појави уште во саботата на првиот ден од нападот на Иран.

Ормутскиот теснец, кој се наоѓа помеѓу Оман и Иран, е стратешки важен за транспорт на нафта, бидејќи носи една петтина од светската нафта, вклучително и од Саудиска Арабија, ОАЕ, Ирак, Кувајт и Иран.

Ормутскиот теснец е клучна стратешка точка во глобалната економија со децении. Неговата улога како „главна артерија“ на светскиот енергетски пазар најдобро се одразува во бројките што ја покажуваат зависноста на големите светски сили од овој премин.

ИЗДВОЕНИ