Во Општина Петровец се гради нова градинка со сензорна соба  

30

Во Општина Петровец е во тек изградбата на нов објект – клон на детската градинка „Авионче“ со сензорна соба, проект што веќе се наоѓа во работна фаза.

– Оваа инвестиција носи современи стандарди во предучилишното образование и претставува значаен чекор напред за најмладите во регионот – објави премиерот Христијан Мицкоски на „Фејсбук“.

Тој додаде дека особено е значајна интеграцијата на сензорната соба – специјално опремен простор што, како што вели, овозможува поддршка за децата со аутизам, Даунов синдром и со други посебни потреби, со што се промовираат еднаквост и пристапност за сите.

– Инвестицијата од 15.122.109 денари е насочена кон создавање инклузивен, модерен и стимулативен простор, каде што секое дете ќе има можност за квалитетна грижа и едукација. Проекти за трајна промена – темели за сигурна иднина – наведува Мицкоски.

 

ИЗДВОЕНИ