понеделник, јануари 26, 2026
Дома СВЕТ Во операција на Интерпол уапсени 3.700 осомничени за трговија со луѓе во...

Во операција на Интерпол уапсени 3.700 осомничени за трговија со луѓе во 119 земји

37

Во операција на Интерпол во 119 земји уапсени 3.700 осомничени трговци со луѓе
Глобална полициска операција против трговци со луѓе и шверцери на мигранти, координирана од Интерпол, доведе до апсење на повеќе од 3.700 осомничени и им се обезбеди помош на повеќе од 4.400 потенцијални жртви на трговија со луѓе низ целиот свет, објави денес Интерпол.

Во соопштението се вели дека 14.000 полицајци ја спровеле операцијата, наречена „Либертера III“, помеѓу 10 и 21 ноември.

Операцијата во 119 земји резултирала со 3.744 апсења, заштита на 4.414 потенцијални жртви и откривање на 12.992 лица фатени во шеми за нелегална миграција.

Според Интерпол, властите започнале околу 720 нови истраги.

„Криминалните банди се развиваат, користејќи нови рути, дигитални платформи и ранливо население. Идентификувањето на овие модели им овозможува на органите за спроведување на законот да ги предвидат заканите, да ги прекинат мрежите порано и подобро да ги заштитат жртвите“, рече генералниот секретар на Интерпол, Валдес Уркиза.

Интерпол ги истакна случаите во кои се вклучени Јужноамериканци и Азијци во Африка, велејќи дека се чини дека има промена во начинот на кој се тргува со луѓе, што е спротивно на претходните модели.

ИЗДВОЕНИ