Во Нови Сад врие од утрово: Судири меѓу граѓаните и полицијата/ВИДЕО

1076
Фото: screenshot N1 Srbija

Нови Сад денеска одбележува 10 месеци од уривањето на настрешницата на Железничката станица, при што загинаа 16 лица. Граѓаните се повикани да се соберат и да оддржат 16 минути молчење во 11:52 часот напладне, во времето кога се урна настрешницата. По истиот повод, но од 19 часот, средношколците ги повикаа граѓаните да се соберат на кампусот на Универзитетот во Нови Сад. Во Белград, студентите и учениците во блокада најавија комеморативна прошетка вечерва во 18:30 часот.

Но, во Нови Сад врие од утрово. Среде ноќ, деканот на Факултетот за спорт и физичко образование во Нови Сад влегол во зградата на тој факултет низ прозорец и ја повикал полицијата.

„Според неофицијалните информации што штотуку пристигнуваат, три маскирани лица (а можеби и повеќе), носејќи фантомки, скршиле неколку прозорци на зградата на Факултетот за спорт и физичко образование во Нови Сад, во присуство на деканот Патрик Дрид. Потоа тие влегле во факултетот, додека студентите биле заклучени внатре. Некои од нив спиеле во тој момент. После тоа, пристигна полицијата. Двајца маскирани мажи избегаа, едниот беше фатен од полицаец, кој го запре и го пушти да си оди. Овој настан го сведочеше ветеран од 63-та падобранска бригада“, објавија студентите на профилот на FTN се буди на Х.

Студентите веднаш пристигнаа пред факултетот, неколку од нив дури влегоа низ прозорец, а на влезот имаше судири меѓу граѓаните и полицијата.

Академската мрежа „Слободен универзитет“ остро го осудува нападот врз студентите на Факултетот за спорт и физичко образование во Нови Сад, наведуваат во соопштение доставено до N1.

„Според информациите што ги имаме, маскирани мажи скршиле прозорец во зградата во понеделник наутро и влегле во просториите на институцијата. После тоа, била повикана полиција и го блокирале пристапот до зградата. Со овој потег уште една институција на универзитетскиот кампус била преземена од полицијата“, истакнуваат тие.

Академската мрежа „Слободен универзитет“ остро го осудува нападот врз студентите на Факултетот за спорт и физичко образование во Нови Сад, наведуваат во соопштение испратено до N1.

ИЗДВОЕНИ