Еко-патролата на јавното претпријатиепри „Комунална хигиена“ во текот на ноември, годинава реализирала вкупно 179 едукативни разговори со претставници на стопанските субјекти, како и со лица коишто биле затекнати при неправилно одлагање на отпадот.

-Претставниците на еко-патролата ги информираа и едуцираа граѓаните на кој начин, каде и во кои термини, согласно законските одредби, треба да го одлагаат комуналниот отпад и отпадот од пакувања, со цел – заштита на животната средина и јавното здравје – соопштија од ЈП „Комунална хигиена“.
Од претпријатието додаваат дека во текот на минатиот месец нивните екипи подигнале и транспортирале 1.500 кубни метри непрописно одложен мешан комунален, кабаст и градежен отпад.
-Интервенирано е во речиси сите скопски општини, како и на таканаречените „црни точки“ каде што е забележано континуирано одлагање отпад на јавни и на сообраќајни површини – потенцираат од претпријатието.












