Руски воен транспортен авион Ан-22 се урна денес во регионот Иваново, повеќе од 200 километри североисточно од Москва, соопштија локалните власти, додавајќи дека сите во авионот се убиени.
„Сите членови на екипажот во авионот загинаа“, соопшти Истражниот комитет на Русија, без да даде дополнителни детали.
Комитетот соопшти дека започнал истрага за прекршување на прописите за подготовка на летот.
Повикувајќи се на извори блиски до спасувачките служби, руската новинска агенција ТАСС објави дека во авионот веројатно имало седум лица.
Според руското Министерство за одбрана, цитирано од ТАСС, авионот се урнал во ненаселена област за време на пробен лет по поправките.












