Во несреќа за време на тренинг во Чиле: По сериозен пад настрада 25-годишниот италијански скијач Матео Францозо

26
Фото:принтскрин, Инстаграм

Италијанскиот скијач Матео Францозо (25) трагично почина по сериозен пад за време на тренинг во Чиле, објави денес Италијанската зимска спортска федерација (FISI).

Несреќата се случи во сабота за време на тренинг. Францозо претрпе сериозна повреда на главата и беше хоспитализиран во Сантијаго, главниот град на Чиле, објави „Асошиејтед Прес“.

Починал поради траума на черепот и оток на мозокот, соопштија лекарите.

Францозо ја освои трката супер-Г како дел од Европскиот куп 2021.

Тој никогаш не успеа да влезе меѓу првите 20 на Светскиот куп.

Претседателот на FISI, Флавио Рода, изјави дека „ова е трагедија за неговото семејство и за нашиот спорт“.

„Мораме да направиме сè што е во наша моќ за да се осигураме дека ваквите несреќи нема да се повторат“, рече Рода, потсетувајќи се на смртта на друга италијанска скијачка, Матилда Лоренци, која почина помалку од една година претходно.

Матео Францозо беше дел од новата генерација италијански скијачи и се сметаше за голем талент во техничките дисциплини.

ИЗДВОЕНИ