Двете лица кои беа убиени во пукотницата во близина на музеј во Вашингтон во средата навечер се млад пар кој требаше да се сврши, изјави израелскиот амбасадор во Соединетите Американски Држави, Јечиел Лајтер.
“Двојката која вечерва беше убиена во име на “слобода за Палестина” беше млад пар кој требаше да се сврши. Младиот маж купи прстен оваа недела и планираше да ја запроси својата девојка во Ерусалим следната недела. Тие беа прекрасна двојка”, рекол Лајтер.
Напаѓачот е идентификуван како Елиас Родригез (30) од Чикаго, кој, според полицијата, по апсењето извикал „слобода за Палестина“.
Двајца вработени во израелската амбасада во САД застрелани на улица