среда, февруари 11, 2026
Дома СВЕТ Во напад со нож во Русија убиени петмина тинејџери, четворица тешко ранети

Во напад со нож во Русија убиени петмина тинејџери, четворица тешко ранети

204

Пет тинејџери се убиени, а четворица потешко повредени во напад со нож во сибирскиот Иркутски регион, соопшти локалниот оддел на Рускиот истражен комитет, пренесува агенцијата Тасс.

Истражителите соопштија дека во градот Бајкалск се запалила приватна куќа, а во неа се пронајдени петтемина починати малолетници.

Истрагата покажала дека група млади се собрале во куќата каде прославувале роденден, и во еден момент еден од нив ги нападнал другите со нож, при што биле убиени пет лица. Потоа, напаѓачот ја запалил куќата за да го прикрие злосторството.

ИЗДВОЕНИ