„Во најтешките моменти остануваме заедно“ – Бојко Борисов нуди помош по трагедијата во Кочани

103

Во телефонски разговор со премиерот на РСМ Христијан Мицкоски изразив најискрено сочувство до роднините на загинатите во пожарот во дискотека во градот Кочани, објави Бојко Борисов.

„Во најтешките моменти остануваме заедно и затоа на колегата му ја понудив помошта што Бугарија може да ја пружи.

Господ да ги прости починатите. Се молиме за побрзо закрепнување на повредените, објави тој.

ИЗДВОЕНИ