понеделник, февруари 9, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Во МВР пристигнаа „ганц“ нови 408-мици/ФОТОГАЛЕРИЈА

Во МВР пристигнаа „ганц“ нови 408-мици/ФОТОГАЛЕРИЈА

1381

Во кругот на Министерството за внатрешни работи денеска се промовираа новите возила на македонската полиција.

На промоцијата се обратија премиерот Христијан Мицкоски и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска истакна дека Владата набавила 120 нови полициски возила за униформираната полиција, со што се подобрува мобилноста и оперативноста на припадниците на Министерството за внатрешни работи.

Фото: П. Стојановски

„Јас би сакал да им честитам на вработените, на министерот и на сите кои го водат Министерството за успешно завршената набавка и проект. Она што за мене е многу важно е што се подобрува мобилноста на припадниците на МВР“, рече Мицкоски.

Премиерот нагласи дека Владата ќе продолжи да ги поддржува ваквите проекти, бидејќи безбедноста, како и расчистувањето на криминалот и корупцијата, остануваат врвен приоритет. „Министерството за внатрешни работи е нераскинлива алка во овој процес“, додаде тој.

Мицкоски им се заблагодари на сите единици кои учествувале во проектот и посочи дека целта е полициските возила што помалку да се користат, што според него ќе значи помалку криминал и криминалци. „Уште еднаш, нека е со среќа“, заклучи премиерот.

ИЗДВОЕНИ