петок, февруари 6, 2026
Дома СВЕТ Во Москва застрелан руски генерал

Во Москва застрелан руски генерал

17

Во болница во Москва итно е префрлен рускиот генерал-потполковник Владимир Алексеев откако беше застрелан денеска во Москва.

Канцеларијата на московското обвинителство соопшти дека Алексеев бил застрелан неколку пати во станбена зграда во северозападна Москва од непознат напаѓач кој избегал од местото на настанот.

Алексеев е заменик-началник на Главната дирекција на Генералштабот при Министерството за одбрана. Кога шефот на платеници Евгениј Пригожин организираше краткотраен бунт во јуни 2023 година, Алексеев беше еден од највисоките функционери кои беа испратени да преговараат со него.

Последниот убиен офицер беше началникот на директоратот за обука на армијата на Генералштабот, генерал-потполковник Фанил Сарваров, кој беше убиен од бомба под неговиот автомобил на 22 декември.

 

ИЗДВОЕНИ