сабота, јануари 31, 2026
Дома БАЛКАН Во морето кај Хвар истекоа 17 тони нафта

Во морето кај Хвар истекоа 17 тони нафта

128

Во морето кај островот Хвар, вчера, се излеале 17 тони нафта во море. Во текот на претходната ноќта дошло до пукање на резервоарот на бензинската пумпа на ИНА, а нафтата се излеала низ земјата во морето.
Нафтата има на потегот од Хвар па сè до Паклењак, а смрдеата од Крижна Лука, од каде што истекла во морето, се чувствува низ целиот град. Санацијата е почната и се прави обид некако да се запре понатамошното ширење на нафтената дамка.
Наутичкиот центар „Хвар“ инсталираше привремена заштитна брана. Во моментов нема видливо истекување на нафта во морето, но нафтената дамка што ја носат струите веќе се проширила надвор од пристаништето Крижна.
Сплитско-далмацискиот полициски оддел извести за еколошкиот инцидент. Сите служби се на терен, полицијата, пожарникарите, пристанишните власти.

ИЗДВОЕНИ