Денеска беше отворена сезоната во Михајлово, информираа од кабинетот на градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев.
– Во функција се двете скијачки патеки – малата со тепих-лифт, погодна за почетници и за најмладите, како и големата патека „Македонија“ за сите љубители на зимските спортови. Одлични услови, чист планински воздух и пријатна зимска атмосфера – соопштија од кабинетот на Јанчев.
Оттаму додадоа дека патните правци до Михајлово се чисти и целосно проодни, а нивното одржување и чистење се врши континуирано. Работното време е од 10:00 часот.












