Во месноста Сиричино ќе никне еден од најголемите паркови во Македонија

104

Во населеното место Сиричино во тетовската рурална Општина Јегуновце од месецов почна да се уредува просторот што треба да се оформи во парк, со површина од 1,25 хектари.

Просторот што се уредува во Сиричино е на само неколку стотина метри од влезот од страната на Желино и се наоѓа околу тамошното училиште и двостраната крстосница чии патишта водат кон Туденце од десно и кон Шемшово.

– Паркот ќе претставува сврталиште на жителите поради можностите што ги нуди, а тоа се: чистиот воздух и сенките од насадените дрвја, клупите за одморање, патеките за пешачење, терените за кошарка и за одбојка, справите за вежбање, осветлувањето во текот на вечерните часови, можноста за шетање на дечињата и слично. Тој, исто така, ќе биде место каде што ќе се одржуваат културни манифестации и спортски натпревари, со што ќе се промовираат културниот и здравиот начин на живот – изјави идејниот проектант, архитектот Игор Филипоски.

Поплочената патека за движење во паркот ќе биде со вкупна должина од 780 метри. Тој ќе биде ограден, со можност за влегување од четири места. Покрај зеленилото, предвидено е да бидат насадени над 300 дрвја.

 

ИЗДВОЕНИ