Во Мала станица во Скопје вечерва беше отворена биеналната изложба во организација на Друштво на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ), „Зимски салон 2026“, финансирана од Министерство за култура и туризам.

Концептот на изложбата и изборот на делата се курирани од реномираната словенечка ликовна критичарка со меѓународна значајна професионална биографија како и кураторка на многу ликовни проекти, г-ѓа Лилјана Степанчиќ.

„Осумте децении ликовна уметност значат континуиран духовен раст на генерации сликари, богато сликарско творештво, сликарски натпревар, плодна и препознатлива сликарска уметност, стимулирање на чувството за убаво, натпревар, почит, креација, градење трајни, автентични вредности, духовно зреење и воздигнување.
Биеналниот „Зимски салон“, небаре сегмент од Вивалдиевата опера, е нестрпливо очекувана ликовна манифестација којашто се знае, сака, чека и доживува како вреден културен настан. Националната галерија вечерва го потврдува својот статус на институција којашто ја артикулира културната меморија и ја поддржува и ја поттикнува современата уметничка мисла.
Тука се среќаваат, судираат и обединуваат различни автори, генерации, времиња и визии, создавајќи сцена на којашто минатото и иднината страсно дебатираат, почитувајќи се“, кажа на отварањето на изложбата претседателката на Македонија проф.д-р Гордана Сиљановска-Давкова која е  покровител на изложбата ,,Зимски салон 2026″.

ИЗДВОЕНИ