Според најновиот извештај од Центарот за управување со кризи (ЦУК), заклучно со 13:00 часот денеска, состојбата со пожарите на отворен простор покажува дека иако дел од жариштата се ставени под контрола или целосно изгаснати благодарение на ангажманот на сите екипи, седум локации и понатаму се соочуваат со активни пожари.
Вкупно се регистрирани 15 пожари, од кои:
- 7 се активни,
- 4 се под контрола,
- 4 се целосно изгаснати.
Екипите интензивно работат на следниве активни жаришта:
- Општини Василево, Радовиш и Берово: Во село Нивичино, на планината Голем Готен и Малешевските планини, гори нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација.
- Општина Македонски Брод: Активни се два пожара – еден кај село Грешница (мешана шума и сува трева) и еден помеѓу селата Локвица и Крапа (деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација).
- Општина Прилеп: Активен пожар кај село Бешиште, место викано Бешишки Рид (ниска вегетација).
- Општина Желино: Гори помеѓу селата Церово и Групчин (нискостеблеста и деградирана шума).
- Општина Демир Капија: Пожар близу тунелите на автопатот Е-75 (ниска вегетација).
- Општина Липково: Активен пожар кај село Оризаре (ниска вегетација и стрниште).
Следниве пожари се ставени под контрола и се под надзор:
- Општина Македонски Брод: Пожар кај село Латово, место викано Маркова Стапалка (грмушки и сува трева).
- Општина Ресен: Кај село Шурленци до село Езерани (трска и ниска вегетација).
- Општина Прилеп: Помеѓу селата Царевиќ и Смолани, место викано Радобилски Рид (мешана шума и нискостеблеста вегетација).
- Општина Прилеп: Пожар кај село Штавица кон селата Чумово, Волково и Прилепец (ниска вегетација и деградирана шума).
- Целосно се изгаснати четири пожари:
- Општина Дојран: Пожарот кај село Николич (мешана шума).
- Општина Гостивар: Пожарот кај село Беловиште (нискостеблеста дабова шума).
- Општина Велес: Пожарот кај селата Џидимирци, Крушје и Иванковци (мешана нискостеблеста деградирана шума).
- Општина Куманово: Пожарот кај село Речица (ниска вегетација).