Во Македонија речиси половина од населението се смета за сиромашно

Од земјите на Балканот кои се кандидати за членство во ЕУ, за сиромашно се смета 54,2 отсто од населението во Албанија, во Црна Гора 50 отсто, во Македонија, исто така, речиси околу половина, односно 48,4 отсто од населението се изјаснило како сиромашно, а во Србија 41,8 проценти

95

Во 2024 година, 17,4 отсто од населението на Европската Унија се сметало за субјективно сиромашно, што е подобрување во однос на 19,1 отсто регистрирано во 2023 година, обајави Евростат.

Меѓу земјите на ЕУ, Грција има највисока стапка на луѓе кои се сметале за субјективно сиромашни, односно вкупно 66,8 отсто од населението, по што следуваат Бугарија со 37,4 отсто од населението и Словачка 28,7 отсто. На другиот крај од скалата, најниски стапки се пријавени во Холандија и во Германија. И во двете земји само 7,3 отсто од населението се сметало за сиромашно, а во Луксембург 8,5 отсто од населението се изјаснило дека е сиромашно.

Гледајќи по возрасни групи, субјективната стапка на сиромаштија била највисока кај младите под 18 години, со 20,6 отсто. Кај луѓето на возраст од 18 до 64 години е 17,3 отсто, а кај постарите од 65 години е 14,9 отсто.

Последните податоци на Евростат за земјите од Балканот кои се кандидати за членство во ЕУ, се од 2023 година. За сиромашно во Албанија се сметало 54,2 отсто од граѓаните, во Црна Гора 50 отсто, во Македонија речиси околу половина, односно 48,4 отсто од населението се изјаснило како сиромашно и во Србија 41,8 проценти.

ИЗДВОЕНИ