Во Македонија мажите умираат речиси 5 години порано од жените

28

Минатата година бројот на починати лица во Македонија бележи благ пораст од 0,1 процент во однос на претходната година, покажуваат официјалните податоци на Државниот завод за статистика. Повеќе умираат мажите и тоа во просек за 4,9 години порано од жените, а во над една третина од случаите причина за смртта се болести на циркулаторниот систем, покажуваат податоците од Државниот завод за статистика.

Според месецот на смртта, најголем број случаи, 2 010, се регистрирани во јануари, а најмалку, 1 518, во април.

Од вкупно починати 20 201, поголем број 10 604 или 52,5 проценти се мажи, наспроти 9 597 или 47,5 отсто жени.

Просечната возраст кај умрените од машки пол изнесува 71.9 години, односно 76.8 години кај лицата од женски пол или за 4.9 години е повисока просечната возраст кај жените.

Умрени доенчиња се 47, а нивното учество е 0.2 % на 100 умрени лица.

Според Меѓународната класификација на болестите најголемо учество во вкупно умрените лица имаат умрените од болести на циркулаторниот систем со 36.7 %, потоа неоплазмите со 19.6 %, ендокрините, нутритивните и метаболичките болести со 7.7 %, болестите на респираторниот систем се застапени со 4.1 % и следат останатите, но со помала застапеност.

ИЗДВОЕНИ