Во Македонија денес има безбеден интернет по пристапни цени за секого. Голема заслуга за тоа има Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) која како независен национален регулатор помогна во обликувањето на отворен, конкурентен и поврзан пазар на комуникации во Македонија, ова на одбележувањето на 20-годишниот јубилеј на АЕК го истакна министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски.
– Денес, со гордост се осврнуваме на 20-годишната национална регулаторна работа што. Она што започна како директорат во рамките на Министерството за транспорт, денес е целосно независен регулатор – АЕК- кој беше водилка на нашата дигитална транзиција, особено во приватниот сектор, со јасност и цел – изјави Андоновски.
Осврнувајќи се и на глобалната перспектива, министерот го одбележа и 160-годишниот јубилеј на Меѓународната телекомуникациска унија (ИТУ), потенцирајќи ја нејзината историска улога – од телеграфските кабли до протоколи за вештачка интелигенција.
– Но, она што мора да го направиме следно во Македонија, нашиот одговор е јасен: градиме дигитална држава која е интероперабилна, безбедна и подготвена за бизнис, тоа значи, национална платформа за интероперабилност каде што над 60 институции – и за прв пат, десетици приватни компании – разменуваат податоци во реално време. Партнерството со АЕК кое спречува нелегално онлајн коцкање, процес кој успешно го инициравме и продолжуваме да го следиме. И визија за дигитална инфраструктура која е модерна, меѓусебно поврзана, безбедна и достапна – додаде министерот.
Во своите завршни зборови, тој истакна дека дигиталната трансформација не е одржлива без силни, независни и регулатори подготвени за иднината – оние кои го штитат и пристапот и иновациите, и конкуренцијата и соработката.
– Затоа што дигиталната иднина не е неизбежна и дека истата се гради – одлука по одлука, стандард по стандард, партнерство по партнерство. За луѓето што ги претставуваме, а кои го гледаат пристапниот интернет и поврзаноста како столб за нивниот личен раст, образование, амбиции и соништа – заклучи Андоновски.