Во мај не може да биде поладно! За летни температури ќе почекаме

136

Времето денеска и во следните денови ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а дневните температури ќе бидат во постепен пораст.

Денеска во утринските часови ќе биде ладно, со значително потпросечни температури на воздухот за крајот ма месец мај.  На повеќе места облачноста ќе се намали, а повеќе облачност ќе се задржи во источните предели, каде ќе има услови за слаб дожд.

Денешните температурите ќе се движат во интервалот од 0 до 10 степени, а на планинските  и високите места тие ќе бидат и за неколку степени под нулата. Можна е и појава на слаб мраз.

Во Скопје минималната температура во понеделник наутро ќе се спушти до околу 6 степени.

ИЗДВОЕНИ