Првпат не е на англиски: албумот на годината е целосно отпеан на шпански јазик! Доделувањето на овие награди во американскиот шоу- бизнис се совпадна со кампањата на депортација што ја спроведува администрацијата на Доналд Трамп во Минеаполис. Музичарите јавно ѝ се приклучија на растечката културна побуна против строгите имиграциски мерки. Се слушнаа и многу остри изјави, меѓу кои и на Бед Бани, јунакот на вечерта (освојувач на наградата за албум на годината): – Пред да му се заблагодарам на Бога, сакам сериозно да порачам: „Тргнете се од нашите заедници, ние не сме дивјаци, не сме вонземјани. Ние сме луѓе и ние сме Американци!“
Спектакуларните музички награди „Греми“ се одржаа вчеравечер во арената „Крипто.ком“ во Лос Анџелес, со што беа прогласени најдобрите музички остварувања во САД за оваа сезона. Јужноафриканскиот комичар Тревор Ноа го водеше овој спектакл по шести пат. Со препознатливиот хумор, тој ги спои забавната и сериозната страна на вечерта. Овие „Греми“ последен пат ги гледавме на телевизиската мрежа Си-би-ес, в година – на некоја друга фреквенција.
Титулата за најнаградуван изведувач, како највпечатлив победник на вечерта, му припадна на раперот Кендрик Ламар. Тој освои вкупно пет награди „Греми“, меѓу кои и наградата за снимка на годината, за „Luther“. Се закити и со наградите за најдобра мелодична рап-изведба и за најдобар рап-албум, за GNX. Лејди Гага самата се разочара. Остана “само“ со седум номинации, а тоа за неа не е некој успех.
Голема внимание кај присутните предизвика Бед Бани, бидејќи неговиот албум на годината, „Debí Tirar Más Fotos“, е целосно испеан на шпански јазик, што е вистинска реткост да не е на англиски.
Тој им ја посвети наградата на имигрантите, испраќајќи силна порака за потребата од владеење човечност во САД.
Песна на годината е „Wildflower“, која ја испеаја Били Ајлиш и нејзиниот брат ,Финијас. Со оваа победа, Ајлиш се израмни со Адел по бројот на освоени награди во главните категории. Британската црномуреста пејачка Оливија Дин ја освои наградата за најдобар нов изведувач – ново име на светската музичка сцена. Новововедената награда за најдобра насловна обвивка на албум ја доби Тајлер, д’Криејтор, за албумот „Chromakopia“.
Песната „Golden“ од филмот „Кеј-поп ловци на демони“ (К-Pop Demon Hunters) влегува во историјата на „Греми“ како првата кеј-поп песна што ја освоила оваа значајна американска музичка награда.
Најголото и мошне невкусно издание се случи кај Чапел Роан, која брадавиците ги “врза“ со тенките врвки од фустанот во вишна боја. Подобро ќе беше да излезеше гола одколку вака со ова модното промашување.
На крај, шлаг на тортата беше легендарниот режисер Стивен Спилберг. Тој ја освои наградата за најдобар музички филм, а како продуцент на „Музика од Џон Вилијамс“ (Music by John Williams).
Фото:Интернет-ФБ-Тик-ток-Инстаграм-Јутјуб-ЕПА












