Во Крушево, викендов, се одржа балканска конференција на биатлон федерациите на девет земји од регионот. Оваа конференција се одржа по 11 години, во Крушево, кое се смета за лулка на биатлон спортската дисциплина во Македонија.

  • Импресиониран сум од големите млади надежи, младите спортисти во биатлонот. Крушево има огромни потенцијали. Ние сакаме да помогнеме зашто е најбитно да се унапреди инфраструктурата. Од особена важност е соработката меѓу биатлон балканските федерации – истакна Оле Долин, претседател на Интернационалната биатлон унија.

Министерот за спорт, Борко Ристовски, смета дека Министерството и Владата се посветени за финансиска и за секаква поддршка за развој на овој и на другите спортови.

Крушево ја почнува летната сезона на алтернативниот туризам, најбројни се светските и европските купови и параглајдерските првенства.

ИЗДВОЕНИ