Во Крушево богата програма и многу забава до 6 јануари 2026 година

54

Здружението „Културен манифест“, со поддршка на општина Крушево, неформална група граѓани, Локален младински совет и многу компании, почнувајќи од сaбота вечер до 6  2026 година, го организираат настанот „Празничен шепот на крушевската чаршија“.

Настанот почна со музичко-сценска изведба во 18 часот, по што следуваше осветлувањето на крушевската чаршија, се отвори новогодишниот базар, а пристигна и Дедо Мраз. Настапи и бендот „Балкан џем“.

Иницијативата за настанот е од поединци и од неформална група граѓани, со цел да се збогати понудата на Крушево за овој период од годината. Во рамки на настанот, кој ќе трае до 6 јануари 2026 година, ќе има богата програма.

ИЗДВОЕНИ