Јавното претпријатие „Солидарност” од Виница апелира до своите корисници и воедно ги известува дека во поставените контејнери во градот Виница и населените места во Општина Виница треба да се исфрла комунален отпад од домаќинствата, а не градежен отпад.

– Со исфрлањето на таков отпад (што е законски забрането) доаѓа до оштетување на хидрауликата на нашите камиони и нередовно собирање на комуналниот отпад. Известен е комуналниот инспектор и по пронаоѓањето на несовесните сторители тој ќе преземе соодветни мерки – децидни се од ЈП „Солидарност“.

ИЗДВОЕНИ