На 23 септември 2025 година околу 16:40 часот во СВР Скопје било пријавено од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ дека кај нив со приватно возило бил донесен маж со тешки телесни повреди. Станува збор за 61-годишниот М.А.О. од Република Турција.
Според информациите, лицето кое го донело повредениот веднаш го напуштило местото со возилото. И покрај укажаната лекарска помош, околу 19:30 часот мажот починал, а лекарите констатирале смрт.
По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција. Министерството за внатрешни работи соопшти дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.