Во колку земји може да патуваме со македонскиот пасош без виза?

199

Зa прв пат во историјата на Henley Passport Index, листата на најмоќни пасоши во светот повеќе не ги вклучува САД во првите десет. САД паднаа на 12-то место, заедно со Малезија, покажа најновиот квартален извештај. Македонскиот пасош заедно со Самоа и Тонга се најде на 42 место. Со нашиот пасош може да се влезе без виза во 129 земји.

Ова е листата на најмоќни пасоши во 2025 година:

Сингапур (193 дестинации)
Јужна Кореја (190)
Јапонија (189)
Германија, Италија, Луксембург, Шпанија, Швајцарија (188)
Австрија, Белгија, Данска, Финска, Франција, Ирска, Холандија (187)
Грција, Унгарија, Нов Зеланд, Норвешка, Португалија, Шведска (186)
Австралија, Чешка, Малта, Полска (185)
Хрватска, Естонија, Словачка, Словенија, Обединети Арапски Емирати, Обединето Кралство (184)
Канада (183)
Латвија, Лихтенштајн (182)
Исланд, Литванија (181)
САД, Малезија (180)

Од регионот, грчкиот пасош се најде на петата позиција со 186 држави во кои може да се влезе без виза, Хрватска се најде на осмото место со 184. Пасошот на Албанија е на 47 позиција со 122 земји во кои може да се влезе без виза, и го делат местото со пасошот на БиХ. Пасошот на Косово е на 65-то место, додека на Србија на 36-тото место. Бугарската патна исправа се најде на 14-тото место, две места зад пасошот на САД.

Целата листа можете да ја видите на следниот ЛИНК.

ИЗДВОЕНИ