Кафето е еден од најпопуларните пијалоци во светот, познат по својата арома и содржина на кофеин. Одгледувањето кафе започнало на Блискиот Исток, а кафето пристигнало во Европа во 16 век.

Денес, се одгледува во повеќе од 70 тропски земји и е втор најизвезуван производ во светот, веднаш по нафтата.

Најголеми производители се Бразил, Виетнам и Колумбија. Иако Скандинавците долго време се предводници во потрошувачката, љубителите на кафе сега постојат низ целиот свет.

Според податоците од World Population Review, денес најмногу кафе по глава на жител се консумира во Централноафриканската Република, а најмалку во Авганистан.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by TRT Balkan BHSC (@trtbalkanbhsc)

Жителите на земјите од регионот се исто така меѓу најголемите потрошувачи во светот. Така, Босна и Херцеговина е на 4-то место, Србија на 18-то место, Словенија на 29-то место, Македонија се најде на 39-то место, додека Црна Гора на 38-мо место, Хрватска на 40-то место, а Албанија е на 79-то место во светот.

ИЗДВОЕНИ