На територијата на Општина Кочани ќе се постават 5.009 нови повеќемлазни водомери, кои ќе овозможат далечинско читање на состојбата со електронски пренос на податоците, без влијание од човечки фактор.
Ова е овозможено со потпишување на договорот за грант на проектот „Подобрување на водната инфраструктура на општините во Северна Македонија“ од страна на в.д. градоначалникот на Општина Кочани, Венко Крстевски. Овој договор го склучуваат Министерството за животна средина и просторно планирање и Општина Кочани.
– Придобивка од проектот ќе биде намалувањето на бројот на инкасатори во КЈП „Водовод“ – Кочани – соопштија од Општина Кочани.
Договорот е во финансиски износ од 52.952.080 денари за реализација на потпроектот „Замена на стари водомери со нови повеќемлазни водомери, комплет со радиомодул и замена на ултразвучни водомери и нивна интеграција во системот за далечинско отчитување“ во Општина Кочани.