сабота, јануари 31, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Во Книгата на жалост во Собранието се потпишаа членови на Владата, пратеници,...

Во Книгата на жалост во Собранието се потпишаа членови на Владата, пратеници, градоначалници, граѓани

71
Foto: OrceGjorgjievski/Facebook

Во Книгата на жалост во Собранието на Македонија отворена по пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани во неделата рано наутро денеска се потпишаа вицепремиерот Изет Меџити, претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски, пратеници, градоначалникот на Гази Баба Орце Стефковски, претседателот на Алтернатива Зеќирија Ибраими, вработени во службите на Парламентот и граѓани.

Сите оние граѓани кои ќе сакаат да се потпишат во Книгата на жалоста во Собранието, тоа ќе можат да го направат во следните пет дена од 10:00 до 19:00 часот.

Собранието вчера соопшти дека претседателот на Собранието Африм Гаши ја отворил Книгата на жалост по трагедијата во Кочани, согледувајќи дека во овие моменти на болка за сите нас е важно да останеме обединети.

-Со скршено срце, вознемирен дух, длабоко емотивно трогнат, ги пишувам овие редови во оваа Книга на жалост, со надеж ова да биде последната Книга на жалост отворена во ова Собрание – напиша Гаши посочувајќи дека загинувањето на овие млади момчиња и девојки е последниот аларм за сите политички и општествени фактори.

ИЗДВОЕНИ