сабота, јануари 31, 2026
Дома СКОПСКА Вo Кисела Вода ќе „никнат“ 500 нови садници

Вo Кисела Вода ќе „никнат“ 500 нови садници

189

Голема акција за пошумување се реализира на територијата на општина Кисела Вода. Активностите се одвиваат во паркот „Иднина“, во 13 урбани и месни заедници, како и во сите основни училишта на територијата на општината.

Во рамки на акцијата ќе бидат засадени околу 500 садници, зимзелени и други видови дрвја.

Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска, истакна дека пошумувањето е важен сегмент од долгорочната политика на Општина Кисела Вода, која се реализира плански и рамномерно на целата територија, со активно вклучување на училиштата и на локалната заедница, а воедно упати и благодарност до компанијата што ја поддржа акцијата со донација на садниците.

– Пошумувањето не е само симболичен чин, туку јасна и долгорочна определба на Општина Кисела Вода. Со секое засадено дрвце вложуваме во поквалитетен јавен простор и подобри услови за живот за сегашните и идните генерации. Нашата стратегија е системска и опфаќа пошумување во сите населени места, како и активно вклучување на училиштата и граѓаните – изјави Стаменкоска -Трајкоска.

 

ИЗДВОЕНИ