Во Кинотека на Македонија, на 28 и на 29 ноември, ќе се одржи краткиот Фестивал на австралиски филм. Настанот е по повод 30-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Австралија и Македонија, а го организира Австралиската амбасада во Белград, Србија, која ги покрива и Македонија и Црна Гора.
Притоа, на 28 ноември, со почетокот во 20:00 часот, ќе биде прикажан филмот „Домаќинство за почетници“ (Housekeeping for Beginners) на македонско-австралискиот филмски режисер Горан Столевски, а на 29 ноември комедијата „Дворска пепел“ (Backyard Ashes), преку кој публиката може да дознае повеќе за тоа колку крикетот им значи на Австралијците.












