четврток, февруари 26, 2026
Дома СВЕТ Во Кина роботи сами асфалтираа 158 километри автопат

Во Кина роботи сами асфалтираа 158 километри автопат

4452

Во Кина роботи сами асфалтираа 158 километри автопат. Во работите не беше вклучен ниту еден човек.

Проектот е дел од автопатот Пекинг-Хонг Конг, а користени се напредни машини на компанијата „Сани Груп“, со што е постигната милиметарска прецизност, пишува „Д Економик тајмс“

 

Автоматизираните возила дистрибуираа камен и песок, по што автономните валјаци вршеа притисок за да обезбедат воедначена и издржлива површина на патот. Дронови го следеа напредокот на изградбата за да се задржи топографската точност.

Според извештаите, роботскиот пристап резултирал со побрза градба и поквалитетни резултати во споредба со традиционалните методи. Успехот на овој проект покажува дека роботите би можеле да играат сè поважна улога во идните инфраструктурни проекти.

ИЗДВОЕНИ