понеделник, јануари 19, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Во ќелијата на обвинет за „Пулс“ пронајдени 13 мобилни телефони и лаптоп

Во ќелијата на обвинет за „Пулс“ пронајдени 13 мобилни телефони и лаптоп

322

На денешното рочиште за случајот со трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“, судијката Дијана Груевска Илиевска го опомена обвинетиот Џеваир Камбери од Министерството за економија, откако кај него во келијата биле пронајдени 13 мобилни телефони и лаптоп, што претставува грубо кршење на затворските правила.

Судијката рече дека доколку тоа се повтори, на Камбери му следува самица.

Камбери се правдаше дека истите ги затекнал кога влегол во ќелијата и дека не биле негови.

На денешното рочиште се очекува обвинетите да се изјаснат дали се чувствуваат виновни или не во врска со делата кои им се ставаат на товар.

Ниту еден од обвинетите за „Пулс“ не се чувствува виновен

 

ИЗДВОЕНИ