По традиционалното есенско садење и зазеленување, изминативе денови, вклучувајќи и денеска, во општина Карпош се засадуваат ниско стеблести жбунести растенија.
Садењето се врши на повеќе локации на територија на Карпош, вклучувајќи и дел од улицата „Бледски Договор“, дел од ТЦ „Лептокарија“, кружниот тек кај СУГС ,,Георги Димитров”, околу ТЦ ,,Порта Влае” и други места.
Во организација на Секторот екологија и енергетска ефикасност, во рамки на есенското зазеленување беа насадени 160 стеблести дрвја ширум Карпош, а овие денови, дополнително се збогатува просторот со уште 580 нискостеблести дрвја од видот на бухус, јуниперус, нандина принус чемпрес, еунимус, пхотинија, туја и други.
За оваа намена, од општинскиот буџет издвоени се 1.200.000 денари.












